ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ ЗА РАЗВОЈ, Инсталација, прилагодување и поддршка на Moodle платформа за е-учење 

0
191

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ ЗА РАЗВОЈ, Инсталација, прилагодување и поддршка на Moodle платформа за е-учење 

(најмалку 2 изведувачи – вкупно 25 работни дена на развој, прилагодување; и вкупно 42 полуработни денови за организација и поддршка на спроведување на онлајн обука)

Во рамки на проектот: „Премин кон превенција: употреба на образованието за спречување на онлајн радикализација помеѓу младите“

(во оригинал: “Passage4prevent: use of education to prevent youth online radicalization”), финансиран од Европската Унија преку програмата Strive for Development.

Буџетска линија:

6.3.1. Развој на е-платформа, прилагодување и подршка на Moodle платформа за е-учење

6.2.2. E-тренинг фасилитатор (поддршка и оддржување на онлај платформа)

 ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  1. КОНКРЕТНИ ЗАДАЧИ

Примарната цел на платформата е да послужи како алатка за едукација на средношколците во подигање на свеста и знаењето за е-безбедност. Задолженија на експертот се:

  • Развој, инсталација и прилагодување на он-лајн Moodle платформата за е-учење на сервер и на cloud (согласно насоките на проект менаџерот);
  • Онлајн платформата треба да ги задоволи следните барања:
    1. Уредување и поставување на едукативни содржини во различни формати
    2. Можност за поставување на тестови и квизови
    3. Приспособливи кориснички профили и колаборативна едукативна средина
    4. Известувања за напредокот на корисниците
    5. Аналитика за користењето на платформата
  • Административна поддршка на платформата за времетраење на проектот;
  • Инсталација на потребни плагини;
  • Ажурирање со нови верзии, најдоцна 30 дена од нивното објавување;
  • Креирање на дел со често поставувани прашања, дефиниции за насилен екстремизам со линкови, како и форма за пријавување и коментирање на содржини на интернет кои се насилни и/или екстремни.
  • Сите ресурси да се достапни до јавноста преку интернет.
  • Сите документи да бидат поставени на македонски јазик, а подоцна (по претходно добиен превод) да видат поставени на албански и англиски јазик.
  • Комуникација и координација со проект менаџерот за задачите кои произведуваат од повикот.
  • Комуникација со 42 училишта кои се вклучени во проектот, организација, инцирање на обука, давање упатства за обука и техничка поддршка за време на реализација на е-обуките со учениците од 42 училишта од таргетираните пет региони (25 ученици од секое училиште или вкупно 1050 ученици) од таргетираните 42 училишта.
  • Да ги спроведат онлајн обуките во период 19.01.2020 – 10.06.2020.
  1. КОМПЕТЕНЦИ
  • Завршено високо образование (пожелни се магистерски и/или докторски студии) во областа компјутерска техника и информатика;
  • Искуство со инсталација, поддршка и хостирање на платформи за е-учење на Linux сервер, како и користење и хостирање на платформи за е-учење на cloud;
  • Искуство со PHP и бази на податоци;
  • Најмалку 5 години искуство инсталација и административна поддршка на Moodle платформи;
  • Посетувано обуки за методологија на е-учење ќе се смета за предност;
  • Знаење од областа на интернет безбедност (предходно искуство или работа на ова поле ќе се смета за предност;
  • Искуство во работа со ученици и/или држење на обуки ќе се смета за предност;
  • Добро развиени интерперсонални и вештини за работа во тим;
  • Мултикултурни вредности и споспобност за приспособување за работа во мулти-етничка и меѓународна средина;
  • Одлично познавање (зборување и пишување) на Англиски јазик.

III. ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:

Испратете CV (биографија на апликантот), мотивациско писмо заедно со финансиска понуда (цена по ден) по електронска пошта на crpm@crpm.org.mk  и aleksandar.cekov@crpm.org.mk  со назнака Апликација за Експерт за Е-безбедност до 25.12.2019 година.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас.

Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство нема да бидат земени предвид. За интервју ќе бидат поканети само оние кои комисијата на ЦИКП ќе ги претселектира и стави на кратка листа на најдобри кандидати за позицијата.

ЦИКП е средина која нуди еднакви можности. Лицата од ранливи групи и жени се особено охрабрени да аплицираат.