ПОБЕДАТА НА ВУЧИЌ ЌЕ ГИ УНАПРЕДИ ОДНОСИТЕ БЕЛГРАД-СКОПЈЕ

0
952

Вучиќ по Дачиќ ќе донесе континуитет и продлабочување на пријателските односи, посебно во делот на економијата, сметаат аналитичарите.

Промената на власта во Србија нема да предизвика промени во нејзината надворешна политика, посебно не кон Македонија, коментираат аналитичарите по убедливиот изборен триумф на Српската напредна странка на Александар Вучиќ. Довчерашниот вицепремиер во кабинетот на “пријателот“ Дачиќ според познавачите на состојбите се очекува да ја продолжи политиката на пријателство која двете страни ја негуваат во последниве години и покрај прашањата околу Косово и црквата…