Перцепциите на младите во однос на тоа колку тие се чуствуваат безбедни на интернет

0
13
ЦИКП спроведе истражување за перцепциите на младите во однос на тоа колку тие се чуствуваат безбедни на интернет. Како што може да се види од графиконот, најголема закана кога се вклучени на интернет се:

малтретирањето или вознемирувањето од страна на пријатели или познаници на интернет (26,7%), а следа закана е
злоупотребата на нивните слики на несоодветен начин (21,5%).
Ова јасно укажува на фактот дека голем дел од младите се изложени на секојдневни ризици и закани по нивната безбедност на интернет. Затоа ние меѓудругото предлагаме:
  • Развој на програма за обука на ученици што ќе се осврне на прашањата што, според наодите, се најзастапени на интернет и во исто време се сметаат за најголеми закани од страна на учениците, како што се:
– Тролање малтретирање и навреди на интернет
– Говор на омраза во сите форми
– Насилна содржина во сите форми
– Вознемирување од пријатели и познаници преку интернет
– Размена на информации и правила и поставки за приватност.
  • Изготвување протоколи за рано откривање на жртвите од компјутерски закани и радикализација со соодветен механизам за упатување на жртвите.
  • Формирање групи за поддршка на жртви од сајберзакани, вклучувајќи радикализација, која ќе вклучува повеќе засегнати страни на локално и на национално ниво, како што се: психолози, педагози, социјални работници, граѓанска организација, политика итн.
  • Создавање/развој на механизми за известување кои се ефективни, безбедни и брзи како „црвено копче“ што ќе испрати известување до релевантните институции за радикализација и сајбер закани