Партиите ги сменија боите, но не и реториката

0
931

Додека претседателот Никола Груевски држи говор низ градовите во земјава во пресрет на предвремените избори, премрзнатите членови и симпатизери на ВМРО – ДПМНЕ се обидуваат да се стоплат со сините шалчиња со партиски грбови. Некои од нив во рацете ја држат обемната програма на 516 страници, во кои се прецизирани проектите што треба да се изградат или довршат во периодот од 2017 до 2020 година, а на која доминира сината боја и натписот „Реално“.

За тоа време, нивните најголеми политички опоненти од СДСМ мавтаат со црвени знамиња, маички и капи со логото: „За живот во Македонија“. Заднината на сцената им е во црвена боја, програмата им е во црвена боја, дури и пропагандниот материјал (пенкалата, запалките и тефтерите) им се во црвена боја. Двете водечки партии во земјава, кои беа препознатливи по црвената, односно сината боја – во предизборните кампањи во претходните години ги променија „дресовите“, што до скоро за многумина беше незамисливо. Експертите анализираат дека станува збор за добар маркетиншки трик, но оти, сепак, сето тоа е далеку од вистинско ребрендирање на партиите.

Професорот Жидас Даскаловски вели дека новото црвено руво на опозицијата е во согласност со агресивната кампања што ја водат уште од почетокот на објавувањето на дел од прислушуваните разговори….