ПАВЛОПУЛОС ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА ПРЕД ОБАМА

0
1032

15.11.2016

Жидас Даскаловски, универзитетски професор на Факултетот за безбедност,
вчера оцени дека изјавите на грчкиот претседател се повторување на
грчките позиции за спорот за уставното име на нашата земја, кои се само
малку променети од деведесеттите години на минатиот век.

– Изјавите на Павлопулос не придонесуваат за градење „мерки на доверба“
и не придонесуваат за помрднување на преговорите во спорот за уставното
име. Самите интерпретации во врска со историјата можат да бидат предмет
на некаква заедничка декларација, но користењето на името Македонија од
наша страна никако не може да се сфати како иредентистичко – потенцира
Даскаловски.

Според него, политиката на САД во однос на Балканот ќе биде голема
непозната, затоа што Трамп во своите настапи и говори во рамките на
изборната кампања промовираше еден вид повлекување на САД од невралгични
точки ширум планетата и обид да се најде баланс во меѓународната
политика во соработка со другите големи сили.

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=B92FDCA429A21944A7F563BE01D97571