ОP-ED ON FRIEDMAN LEGACY DAY 29 JULY, 2016

0
621

By Zhidas Daskalovski

Milton Friedman’s name and ideas are renowned around the globe. His economic theories earned him a Nobel Prize in 1976, and he served as a trusted adviser to U.S. Presidents and countless other leaders and influencers.

This year, the Center for Research and Policy Making is proud to join more than 100 organizations around the world celebrating Friedman’s life and legacy on July 29.

This will be the 10th and final year for the worldwide celebration — and there’s an important reason for that.

In 1996, Milton and Rose D. Friedman established the Friedman Foundation for Educational Choice, dedicated to pursuing their intellectual legacy of full and unencumbered school choice as a way of empowering parents to find the best educational fit for their children.

School choice obviously is not their only legacy, but it’s hard to ignore the successes that have transpired over the past two decades: what was once just an idea implemented in a few cities and towns has grown into a movement with 61 school choice programs operating in 30 states and the District of Columbia.

Hundreds of thousands of students each year are now able to find a school that works for them. More and more parents have come to expect options beyond the school to which their child is geographically assigned.

That expectation is driving non-residential forms of school choice—open enrollment, charter schools, homeschooling and private educational choice programs—to rapidly expand. According to 2013 data, those four types of choice accounted for approximately 20 million children, or just over 40 percent of the total K–12 population. Families making non-residential school choices increased by 21 percent between 2001 and 2013.

Simply put, choice is changing students’ lives and the way parents approach what often winds up being the most important decision they make for their children.

The Friedmans always understood that their powerful idea would grow and take root, but they were very clear that they did not want the mission to be focused on their last name. That’s why the Friedman Foundation will announce a new name on July 29 in conjunction with the final Legacy Day celebration.

As Friedman once said, “The true test of any scholar’s work is not what his contemporaries say, but what happens to his work in the next 25 or 50 years. And the thing that I will really be proud of is if some of the work I have done is is still cited in the text books long after I am gone.”

The Center for Research and Policy Making is proud to recognize Friedman for his vision of educational choice and his many other ideas and accomplishments. We look forward to what’s next, and we believe the best is yet to come.

The Center for Research and Policy Making is participating in the 2016 Friedman Legacy Day celebration, a worldwide day honoring Milton Friedman and his ideas on what would have been his 104th birthday.

 

 


 

ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА МИЛТОН ФРИДМАН

Статија по повод 29 јули,2016 – Од Жидас Даскаловски,

Ликот и делото на Милтон Фридман се познати ширум целиот свет. Неговиот економски теории во 1976 година му донесоа Нобелова награда, а служеше и како доверлив советник на американските претседатели и голем број  други влијателни лидери.

Оваа година, Центарот за истражување и креирање политики е почестен што се приклучува кон повеќе од 100 организации од целиот свет кои на 29 јули ќе го одбележат ликот и делото на Фридман.

Ова ќе биде 10-то, а воедно и последно одбележување на светско ниво, а има и причина зошто е тоа така.

Во 1996 година, Милтон и Роуз Д. Фридман ја основаа Фондацијата Фридман за образовен избор, посветувајќи се на спроведување на нивниот интелектуален завет за целосен и слободен избор на училиште и образование, како начин за еманципација на родителите во процесот на изнаоѓање најсоодветното образовaние за нивните деца.

Изборот на училиште очигледно не е единствено наследство, но е тешко да се замижи пред успесите кои одекнаа во текот на изминатите две децении. Она што некогаш беше само идеја спроведена во неколку градови, прерасна во движење со 61 програма за избор на училиште кои функционираат на ниво на 30 сојузни држави, како и во Федералниот округ Колумбија.

Денеска, стотици илјади ученици секоја година се во состојба да пронајдат соодветно училиште кое најмногу им одговара, а се повеќе и повеќе родители очекуваат можности за образование на нивните деца надвор, т.е. подалеку од местото на живеење.

Ваквите очекувања придонесоа за рапидно зголемување на бројот на нерезидентни форми на школување, како што се слободни уписи, charter училишта, домашно образование и избор на приватни образовни програми. Според податоците од 2013 година, за овие четири видови форми, се определиле околу 20 милиони деца или нешто повеќе од 40 отсто од вкупниот број ученици во општиот образовен систем во САД наречен К-12. Процентот пак на семејствата кои се одлучиле за нерезидентна форма на школување се зголеми за 21% во периодот 2001 – 2013 година.

Едноставно кажано, ваквиот избор го менува животот на учениците и начинот на кој родителите му приоѓаат на ова прашање, кое истовремено претставува најважната одлука која ја носат за своите деца.

Фридманови беа уверени дека нивната моќна идеја ќе расте и ќе се вкорени, но истовремено беа и одлучни во одбивањето оваа нивна мисија да се поврзува со нивното презиме. Тоа е причината зошто Фондацијата Фридман на 29 јули ќе објави ново име, истоврмено со одебележувањето на неговиот завет и наследство.

Во една прилика, Фридман изјави: “Вистинскиот тест за работа за било кој интелектуалец не е она што го велат за него неговите современици, туку она што се случува со неговата работа во следните 25 или 50 години. Јас навистина ќе бидам горд ако дел од она што го имам сработено ќе биде цитирано во книги уште долго откако ќе ме нема.”

Центарот за истражување и креирање политики е почестен да му оддаде почит на Фридман за неговата визија за образовен избор и останатите бројни идеи и достигнувања. Со нетрпение го очекуваме она што следи и веруваме дека најдобро допрва доаѓа.

Центарот за истражување и креирање политики учествува во одбележувањето на Денот на заветот на Фридман 2016 година, светски ден во чест на Милтон Фридман и неговите идеи и 104 години од денот на неговото раѓање.