ОСВРТ НА РОДОВАТА ЗАСТАПЕНОСТ ВО ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ И РЕКЛАМНИТЕ СОДРЖИНИ ВО МАКЕДОНИЈА

0
840

Рекламите како и начинот на известување на медиумите се највлијателните фактори во креирањето на јавното мислење но истовремено и најголемата опасност за креирање и зајакнување на стереотипи и предрасуди кон определени категории на граѓани и групи. Овие два медиуми (вестите и рекламите) секојдневно опфаќаат и влијаат на милионска публика без притоа да демонстрираат свест за аудио-визуелно изразување сензитивно кон различни ранливи групи кои постојат во општеството. Случаи на несензитивно прикажување се особено изразени кога се соопштуваат информации во кои се вклучени мажи и жени или пак во рекламите каде што најчесто на еден од половите му се додава и некаква родово посакувана/ очекувана улога која што треба да ја има во општеството, а е поврзана со содржината или производот на рекламата… Download File, MK

 

Ова е анимацијата на податоците од мониторингот на медиумите од родова перспектива со осврт на ТВ рекламите.

 

 

Ова е анимацијата на податоците од мониторингот на медиумите од родова перспектива со осврт на вестите во дневните печатени медиуми.