Онлајн конференција: „Иднината на европските работнички совети – препораки и најдобри практики“

0
111

Денес се одржа онлајн конференцијата под наслов „Иднината на европските работнички совети – препораки и најдобри практики“.

Во рамки на настанот, претставник од Центарот за истражување и креирање политики ги презентираше главните наоди од спроведеното истражување во државата на тема „Европски работнички совети: Реалност или иднина?“, а свои излагања имаа и претставници од партнерските организации од Романија, Бугарија, Хрватска и Полска.

Свое видување по однос на европските работнички совети проследено со препораки и споделување најдобри практики за учесниците имаа и Мајкл Витал, стручњак и истражувач за ЕРС од Универзитетот „Фридрих-Александар“ во Ерланген, Германија, како и Флоријан Марин, кој е синдикален стручњак од Романија.

Конференцијата ја затвори проектната координаторка од Институтот за јавна политики со претставување на Заедничката декларација за Европските работнички совети, документ со заложби за унапредување на процесот за информирање и консултирање на вработените.

Конференцијата претставува последен настан организиран во рамките на проектот „Подобрување на квалитетот и нивото на застапеност на вработените преку нивно прилагодување, вклучување и ефикасно користење на инструментот ЕРС од засегнатите страни во индустриските односи“, поддржан од Европската Унија.