Онлајн дебата во рамки на кампањата „Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки“

0
47

Во рамки на кампањата „Месец на родова рамноправност во донесувањето одлуки“ одржавме онлајн дебата со координаторите за еднакви можности од 17те општини во кои го имплементираме проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ финансиран од Европската Унија. 

Дебатата беше на тема „Со кои предизвици се среќаваат жените на позиции на донесувачи на одлуки во општините?“, а вклучително дискутиравме на следниве прашања:  

  • Колку се застапени родовите стереотипи и родовите улоги при поставувањето на раководни позиции во општините? 
  • Со кои предизвици се среќаваат при креирањето на програмите за еднакви можности или родова еднаквост 
  • Дали имаат удел во креирањето на останатите програми 
  • Дали се советувани за употребата на родова перспектива при креирање на стратешки документипрограми и буџет на општините? 
  • Колкаво влијание имаат при креирање на буџетот 

 На дебатата присуство земаа и активно се вклучија и локалните медиуми кои известуваат на територија на 17те општини.