Обучени 30 граѓански организации во областа на РОБ

0
211

Денеска завршивме со одржувањето на обуките за градење на капацитетите на локалните граѓански организации во областа на родово одговорното буџетирање. Одржавме две три-дневни обуки, во кои обучивме 37 лица од 30 локални граѓански организации за користење на алатките на родово одговорно буџетирање. Локалните граѓански организации се регистрирани или ги имплементираат своите активности на територија на следниве општини:

  • Скопски регион: Чаир и Шуто Оризари
  • Полошки регион: Брвеница и Теарце
  • Вардарски регион: Кавадарци и Неготино
  • Североисточен регион: Старо Нагоричане и Липково
  • Источен регион: Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип
  • Југоисточен регион: Радовиш и Гевгелија
  • Југозападен регион: Струга и Вевчани
  • Пелагониски регион: Крушево и Кривогаштани

Обуките беа составени од два модула, основна обука за родовите концепти и значењето на родово одговорното буџетирање и напредна обука за специjализираните методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за cost-benefit и cost-effectivness анализа. Со основните обуки беа обучени и десетмина претставниците од единиците на локалната самоуправа за значењето и спроведувањето на родово одговорното буџетирање на локално ниво. Обуките беа водени од Гордана Несторовска, Елена Кочоска и Ристе Јуруковски, истакнати експерти во областа на родово одговорното буџетирање.

Градењето на капацитетите на граѓанските организации е во насока на подигнување на капацитетите на локалната заедница за разбирање, анализирање, но и влиjание во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Степенот на вклучувањето на локалните ГОи во jавните дебати и буџетски форуми во голем дел зависи од нивните познавања, но и капацитети да развиваат анализи и документи за jавни политики со препораки, па токму преку оваа активност и градењето на капацитетите на локалните ГОи ќе се зголеми и унапреди делувањето на мрежата за мониторинг на родово-одговорното буџетирање на локално ниво и тоа во општини каде што ваков вид на активности претходно не биле спроведувани.

Обуките се одржаа во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“  кој е финансиран од Европската Унија.