Обука за градење на капацитетите на граѓанските организации во областа на родово одговорното буџетирање

0
645

Во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“  во периодот од 25.10.2021 до 15.11.2021 ќе се одржи три-дневна обука за градење на капацитетите на 34 локални граѓански организации за користење на РОБ алатки за проценка на усогласеноста помеѓу политиките и буџетите и потребите на мажите и жените во 17-те општини вклучени во проектот.

Градењето на капацитетите ќе се одвива преку 2 претходно разработени тренинг модули и тоа:

  • Првиот модул коj што ќе ги вклучува основните концепти за родовата еднаквост, буџетската писменост, алатки за родово-одговорно буџетирање и
  • Вториот модул, коj што ќе содржи напредни и специjализирани методи и алатки за родово-одговорно буџетирање вклучуваjќи и алатки за cost-benefit и cost-effectivness анализа.

Градењето на капацитетите на граѓанските организации е во насока на подигнување на капацитетите на локалната заедница за разбирање, анализирање, но и влиjание во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Степенот на вклучувањето на локалните ГО во jавните дебати и буџетски форуми во голем дел зависи од нивните познавања, но и капацитети да развиваат анализи и документи за jавни политики со препораки, па токму преку оваа активност и градењето на капацитетите на локалните ГОи ќе се зголеми и унапреди делувањето на мрежата за мониторинг на родово-одговорното буџетирање на локално ниво и тоа во општини каде што ваков вид на активности претходно не биле спроведувани.

Локалните граѓански организации кои ќе учествуваат на обуката потребно е да се регистрирани и/или да ги имплементираат своите активности во следниве општини:

  • Скопски регион: Чаир и Шуто Оризари
  • Полошки регион: Брвеница и Теарце
  • Вардарски регион: Кавадарци и Неготино
  • Североисточен регион: Старо Нагоричане и Липково
  • Источен регион: Делчево, Македонска Каменица и Пробиштип
  • Југоисточен регион: Радовиш и Гевгелија
  • Југозападен регион: Струга и Вевчани
  • Пелагониски регион: Крушево и Кривогаштани

По успешното завршување на обуката, граѓанските организации ќе добијат можност за грантирање и изработка на локални извештаи со менторска поддршка од членките на Мрежата за родово одговорно буџетирање.

Придобивките на граѓанските организации од учеството во обуката се следните:

  • Запознавање со основните концепти за родовата еднаквост
  • Запознавање со алатките на родово одговорното буџетирање и оспособување за нивно ефективно користење
  • Запознавање со РОБ алатки за cost-benefit и cost-effectivness анализа и оспособување за нивно ефективно користење
  • Оспособување за мониторинг на родово одговорното буџетирање на локално ниво
  • Оспособување за вклучување во процесот на донесување одлуки на локално ниво
  • Градење вештини за застапување на ранливите категори на граѓани на локлано ниво
  • Менторска поддршка од менторите на Мрежата за родово одговорно буџетирање
  • Можност за грантирање
  • Можност за зачленување во Мрежата за родово одговорно буџетирање

Вашиот интерес за учество на обуката пријавете го на следниов линк најдоцна до 15.10.2021 по што најдоцна до 21.10.2021 ќе ве информираме за деталите на меил. Можат да се пријават повеќе лица од истата организација.

Линк за регистрација: https://forms.gle/MhJrSaqYqXfbcMCQA

За сите дополнителни информации контактирајте не на trajanovska@crpm.org.mk

Напомена: Можност за грантирање ќе добијат само организациите кои целосно ќе ја поминат обуката.

Обуката ќе се одвива онлјан, запазувајќи ги мерките за превенција на ширењето на вирусот Ковид-19.

Краток опис на проектот

Проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски инициjативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“ е 3 ипол годишен проект финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е поттикнување на проактивноста на граѓанското општество преку зајакнување на вмрежувањето, користејќи РОБ методи за соработка со локалната самоуправа и формирање на локални политики и буџети за решавање на различните потреби на жените и мажите, особено на најранливите и маргинализираните групи во 17 целни општини (Делчево, Македонска Каменица, Пробиштип Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Струга, Вевчани, Крушево, Кривогаштани, Чаир, Шуто Оризари, Старо Нагоричане, Липково, Брвеница и Теарце). Проектот е синхронизиран и дополнително ќе ги зајакне капацитетите на постојната неформална Мрежа за родово одговорно буџетирање (МРОБ) со проширување на членството со граѓански организации (ГО) од целните општини истовремено застапувајќи ги интересите на руралните жени и мажи, сиромашни жени и мажи, жени и мажи со попреченост, маргинализираните жени и мажи (од етничка, религиозна или сексуална природа) и жени и мажи од ранливите возрасни групи (млади и постари граѓани).