Нова Македонија 28.05.2013

0
932

БАЛКАНСКИТЕ КАВГИ ФРЛААТ СЕНКА ВРЗ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Како се одвива процесот на соработка на земјите во Југоисточна Европа во пресрет на самитот што ќе се одржи во Охрид и зошто темата за климатските промени никого не го интересира најдобро илустрираат следните факти: претседателите на Србија и на Хрватска ќе се сретнат првпат, претседателите на Грција и на Бугарија, земји-членки на ЕУ, „европски“ ја бојкотираат Македонија, а за поканата на Косово нема согласност од сите земји-членки

САМИТОТ ВО ОХРИД – СЛИКА И ПРИЛИКА НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

Настаните во пресрет на самитот на претседателите од земјите на Процесот за соработка на Југоисточна Европа многу прецизно илустрираат на кое ниво е меѓудржавната соработка во Југоисточна Европа. Таа сѐ уште е во процес на создавање, развивање и засилување. На пример, една од главните вести поврзани со самитот е дека тука, на неутрален терен, првпат ќе се сретнат сегашните претседатели на Србија и на Хрватска, Томислав Николиќ и Иво Јосиповиќ. Бидејќи собирот е во Македонија, беше очекувано дека грчкиот претседател Карлос Папуљас целосно ќе ја игнорира поканата. Чекор подалеку отиде претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев, кој дури и го испромовира своето неучество. Истовремено, Косово ѝ се налути на Македонија дека не е покането, иако не е членка на организацијата, па се отворија и дебати за тоа дали не сме можеле да ја повикаме претседателката Атифете Јахјага или едноставно не сме сакале, за да не ја налутиме Србија…(More…)