Нова Македонија 27.03.2013

0
817

БОЈКОТОТ, КОАЛИЦИЈАТА И РЕФЕРЕНДУМОТ ГО ДОКУСУРИЈА СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе ја промаши целта ако причините за големиот пораз на локалните избори ги бара само во надворешните фактори, велат аналитичарите. Опозицискиот лидер Бранко Црвенковски во своето прво постизборно обраќање се пожали на предизборни закани и притисоци, нерегуларности во избирачкиот список, злоупотреба на буџетските пари и на државни институции, на медиумскиот мрак, односно на целиот, како што го нарече, „тоталитарен и недемократски амбиент“. Но според познавачите на политичките состојби, има и многу грешки што партијата сама ги направи и за кои не може да обвини никој друг. Формирањето широка коалиција со поранешни противници, бојкотот не до пет до дванаесет, туку до дванаесет и пол, и целосното маргинализирање на улогата што треба да ја имаат локалните избори во една држава беа трите внатрешни, но многу силни фактори што го донесоа овој резултат…( More…)