Нова Македонија 20.04.2013

0
734

ПОПИСОТ НЕ УСПЕА, АМА СЕ ПРЕБРОЈАВМЕ НА ИЗБОРИ

Сите анкети правени во последните неколку години потврдуваат дека излезеноста на албанското население е во опаѓање, за разлика од порано, што се огледа во помалиот број пратеници во Собранието или, пак, како што беше сега случајот, помалку советници во општинските совети, вели аналитичарот Клековски

Што говори малата излезеност кај Албанците

Македонија може да се соочи со сериозен проблем со планирањето на својата иднина ако во најскоро време не спроведе попис на населението, тврди поранешниот директор на Државниот завод за статистика (ДЗС), Дончо Герасимовски, анализирајќи ги последиците со кои се соочува земјава од пропаднатиот попис во 2012 година, откако пописната комисија во полн состав даде неотповиклива оставка. Герасимовски вели дека немањето податоци за етничката структура на населението е не само отворен туку и опасен проблем, бидејќи Македонија нема реална слика за нејзината етничка карта.  (More…)