Нова Македонија 16.09.2013

0
777

МЕНУВААТ УСТАВ, ПРЕДЛАГААТ РЕШЕНИЈА НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

Мали партии со големи апетити

Малите партии лансираат големи идеи за да привлечат внимание од гласачите и да се наметнат на политичката сцена, каде што владее рововска борба меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но тие исто така може да послужат за повисоки политички цели на власта или на опозицијата.

Амандманска измена на Уставот, која ќе предвиди претседателот на државата да се избира во Собрание, е предвидена во најновата иницијатива на Либералната партија на Македонија, која денеска би требало да се расправа на седницата на комисијата за уставни прашања. Рамковниот договор да се дополни со консензуално одлучување во дводомен парламент, наместо сегашното носење одлуки во Собранието со Бадентерово мнозинство е идеја што Мендух Тачи, лидерот на ДПА, ја соопшти по средбата со амбасадорите на ОБСЕ во Тетово. Фазно решавање на спорот за името, односно Европската Унија да назначи свој и посредник во преговорите меѓу Скопје и Атина, се идеи што претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, ги лансира во јавноста. Во високи кругови на ГРОМ, партијата на Стевчо Јакимовски, веќе се води расправа за тоа дали партијата во формирање да заземе став со кој ќе предложи Македонците воопшто да не се изјаснуваат на референдум за името, со образложение оти името Македонците не го добиле на референдум, па за него да решаваат со народно изјаснување… (More…)