Нова Македонија 01.03.2013

0
853

ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ЗА УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Внатрешнополитичката криза, која трае веќе два месеца, успеа да ги врати странците во Македонија првпат по кризата од 2001 година. Тогаш во земјава во тек беше воениот конфликт меѓу македонските безбедносни сили и албанските герилци од т.н. ОНА, а странците правеа обиди ситуацијата да не ескалира. Синоќа во Скопје, според најавите од Брисел, требаше да допатуваат известувачот за Македонија на Европскиот парламент Ричард Ховит, еврокомесарот за проширување Штефан Филе и поранешниот претседател на Европскиот парламент Јиржи Бусек. Вообичаено вакви високи политичари во итни мисии, како што ја нарекоа самите, одат во протекторати или во земји што се на работ на создавање сериозни внатрешни и регионални проблеми… (More…)