Нема диплома без државен испит

0
689

Најавата за воведување државен испит предизвика различни реакции. Имаше толкувања дека, ако студентот не го положи испитот, ќе го загуби статусот студент, а подоцна беше соопштено дека реформите нема да имаат последици врз неговото студирање. За сите засегнати страни да добијат што појасна слика за оваа реформа разговаравме со професори и со студенти за деталите поврзани со процесот

Најавата за воведување државен испит во високото образование изминатиов период предизвика низа реакции. Се одржаа и студентски протести, на кои неколку илјади студенти кажаа „не“ за оваа новина. Во почетокот имаше толкувања дека, ако студентот не го положи испитот, ќе го загуби статусот студент, а по што беше соопштено дека реформите нема да имаат последици врз неговото студирање.
Во моментов не постои официјален нацрт-документ, а допрва ќе се слуша и чита што имаат да кажат во врска со ова професорите, ректорите, деканите и, секако, студентите. Мерката што е во зачеток може да претрпи и измени, зависно од тоа што ќе биде кажано и образложено на претстојната јавна расправа.
Поради сите различни информации и толкувања во јавноста за оваа мерка, „Нова Македонија“ реши да објави предлози и мислења на универзитетски професори и на студенти за некои детали поврзани со процесот, што ги објави Министерството за образование и наука. Целта е сите засегнати страни да добијат што појасна слика за оваа реформа…