Наоди од студијата на политики „Влијанието на ковид-19 врз земјоделството, вклучувајќи и родова анализа“

0
41

Денес во рамките на нашата соработка заедно со Националната федерација на фармери организиравме ZOOM конференција на која беа претставени наодите содржани во студијата на политики насловена „Влијанието на ковид-19 врз земјоделството, вклучувајќи и родова анализа.“
На настанот учество земаа претставници од ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за труд и социјална политика, претставници од организации, пратеници, како и жени фармери и фармери од сите региони на државата.
Воведни обраќања имаа Абдигалфар Синани, раководител на секторот земјоделство во МЗШВ, Ѓултен Мустафова, раководителка на секторот за еднакви можности во МТСП, извршната директорка на ЦИКП, Марија Ристеска и претседателката на НФФ, Васка Мојсоска.
Претставените наоди од истражувањето поттикна широка дискусија која очекуваме дека ќе придонесе кон надминување на проблемите преку вклучување на препораките и идеите во акциските планови, мерките и стратегиите кои се носат од страна на јавните институции, а во насока за поддршка на индивидуалните земјоделци. Дополнително, се потенцираше важноста идните мерки и јавни политики да бидат родово сензитивни и да одговараат на потребите кои ги имаат жените фармери и фармерите.