МРОБ бара графички/чка дизајнер/ка

0
242

Центарот за истражување и креирање политики во рамки на проектот „Мрежа за родово одговорно буџетирање во Западен Балкан и Република Молдавија“ објавува повик за ангажирање надворешен соработник – графички дизајнер/ка.

Графичкиот диајнер/ка ќе биде задолжена за изработка на графички иновативни и привлечни графички решенија за newsletters, инфографици, брошури, анализи, слики за социјални медиуми, GIF-ови, студии и останат вид промотивен материјал за потребите на проектот.

За горенаведената позиција, потребни се следниве квалификации:

  • Минимум 3 до 4 години претходно искуство
  • Креативност
  • Високо познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Активно познавање на глобалните трендови во областа на дизајн и адвертајзинг
  • Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови
  • Висок степен на одговорност
  • Целосна посветеност на работата
  • Комуникативност
  • Тимска работа
  • Професионалност
  • Желба за учење и надградување на знаењето

Договорот за соработка ќе биде за период од 21 месец, а се очекува да бидат изготвени околу:

  • 3 регионални студии од по 45 стр.
  • 3 т.н. knowledge products
  • 15 инфографици
  • 15 GIF-ови
  • 18 слики за социјални медиуми
  • 12 newsletters

 

Заинтересираните кандидати да достават кратка биографија и понуда со цена на gbwn@crpm.org.mk најдоцна до 20.11.2020.

За дополнителни прашања, стоиме на располагање преку горенаведена е-пошта.