Истражување на ЦИКП Скопје: граѓаните не веруваат дека нивното учество во процесите на одлучување може да влијае на одлуката!

0
1340

Степенот на учество на граѓаните во процесите на одлучување е важен показател за отвореноста на Владата. Во Македонија истражувањето за отворена влада покажа дека иако постојат бројни алатки за учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки, сепак граѓаните ретко ги користат и не веруваат дека истите имаат влијание на одлуките кои се донесуваат. Теренската анкета спроведена на репрезентативен примерок покажа дека граѓаните освен што сметаат дека немаат доволно стручност да ја оценат работата на Владата, истовремено се и убедени дека нивните напори за учевство во процесите на одлучување се залудни заради нивното неприфаќање од страна на власта.

Имено, 45,8% од испитанците одговорија дека локалните јавни дебати имаат формален карактер и резултатите од истите не влијаат врз работата на општинските власти. Влијанието на одлуките преку други форми на учество исто така беше оценето неповолно. На пример лобирањето во општеството за 36% од анкетираните е штетно, додека 43,3% од анкетираните се уверени дека блоговите и коментарите на интернет не го одразуваат јавното мнение.

Дополнително обесхрабрувачки делува податокот дека 40,1% од испитаниците сметаат дека граѓаните немаат доволна стручност да проценат дали одлуките на Владата се добри или не, а за 47,2 % од соговорниците пратениците во Собранието се посоодветни да учествуваат во процесот на креирање на јавните политики од граѓаните.  

Последните податоци објаснуваат зошто вклученоста на граѓаните во процесот на одлучување е на ниско ниво.

 

За дополнителни информации контакт лице:

Др. Марија Ристеска

risteska@crpm.org.mk

Cell: 070533992

 

PROJECT PARTNERS



 

 

Advocacy for Open Government: civil society agenda-setting and monitoring of country action plans, Press release 3