Инфографик: Кој ги донесува одлуките во 17-те анализирани општини?

0
35
Донесувачите на одлуки кои беа анализирани се: градоначалници, претседатели на Совети, членови на Совети, координатори за еднакви можности, координатори на кризни штабови, раководители на сектори и одделенија, претседатели на урбани и месни заедници, директори на градинки и директори на основни училишта.
♀️♂️Со родовата анализа на лидерските позиции беа опфатени вкупно 751 лидерска позиција од кои 553-мажи и 198-жени. Жените донесувачи на одлуки се само 1/4 од вкупниот број, иако се 50% од населението во секоја од овие 17 општини.
Родовата анализа е спроведена во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.