Инфографик: Кои се жените избрани за градоначалнички?

0
68
Околу 50% од населението во секоја општина во државата го сочинуваат ЖЕНИ. Сепак при изборот на градоначалници овој процент не е пропорционален.
Политичките партии не водат сметка за родовата застапеност при кандидирање на кандидат(к)и за градоначалници и недоволно ги поддржуваат жените во учеството во донесување одлуки на локално ниво.
СДСМ има поддржано најмногу жени избрани градоначалнички, вкупно 6, од кои Жаклина Јовановска добила 2 мандата во 2017 и 2021. ВМРО ДПМНЕ има поддржано 5 градоначалнички, од кои Виолета Аларова била избрана 2000 и реизбрана 2005. ДУИ има поддржано две градоначалнички, Теута Арифи има добиено 2 мандата 2013 и 2017. Саније Садику во 2000 е поддржана од ПДПА/НДП (ДПА), а во 2005 од ДУИ.
👉Родовата анализа на локалните избори е спроведена во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“.