Инфографик: Европски работнички совет – механизам за информирање и консултирање на работниците во процесот на донесување одлуки

0
821
Во 2012 година, во рамките на процесот за хармонизација на домашното трудово законодавство со правото на Европската Унија мошне солидно е транспонирана Директивата 2009/38/ЕЗ за основање Европски работнички совет во Законот за Европски работнички совет. Девет години подоцна ЕРС сѐ уште не наоѓаат своја примена со тоа што товар не паѓа само на незаинтересираноста на работодавачите, намалената моќ на синдикатите или пасивниот пристап на вработените, туку и врз самиот закон кој иако е во сила, ќе се применува по стапувањето на државата во ЕУ.

Истражувањата покажуваат дека постоењето работнички совети во домашните и мултинационални претпријатија позитивно се одразува на продуктивноста и чувството на припадност кај вработените, затоа е потребно решение кое ќе овозможи консултирање на вработените во процесот на донесување одлуки од страна на раководството.
Овој инфографик е изработен од ЦИКП во рамки на проектот “Подобрување на квалитетот и нивото на застапеност на вработените преку нивно прилагодување, вклучување и ефикасно користење на инструментот ЕРС од засегнатите страни во индустриските односи”, финансиран од Европската Унија.