Инфографик: Дали жените не се кандидираат или не се избираат за градоначалнички?

0
82
Во периодот од 2005 до 2021, во организирањето на пет последователни локални избори, за градоначалнички се кандидирале вкупно 104 жени. Вкупниот број на избрани жени за градоначалнички е 15.
Сексистичкиот говор на омраза, недоволната внатрешна поддршка во политичките партии при номинацијата и партиската наместо женска солидарност во трката за градоначалнички позиции се само дел од пречките со кои се соочуваат жените во политиката.
Најголем број на избрани жени градначалнички има во 2017 година, вкупно 6, кога биле кандидирани само 16 жени. Во 2013 за градоначалнички се кандидирале најголем број на жени, вкупно 32, но биле избрани само 4.