Интервју проф. Даскаловски: Партиите се премоќни – граѓаните преслаби

0
1069

Разговараше Горазд Чомовски

Фактор: Датумот до изборите се наближува, но се има впечаток дека подготвувањето на теренот за нивно одржување не оди според предвидената динамика.Колку спроведувањето или евентуалното поместување на терминот за избори ќе ја разреши или продлабочи кризата?

Даскаловски: Со сигурност одложувањето на изборите ќе ја продолжи кризата затоа што ние функционираме со една техничка влада која нема консензус во креирањето и спроведувањето политики. Напротив, ова е влада каде двата политички ривала ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со своите министри и заменици министри постојано си подметнуваат и се спротиставуваат. Не е ова Кабинет сличен на големата коалиција во Германија на ЦДУ и Социјалдемократите, туку е влада на закрвени непријатели кои во моментов се фокусирани што повеќе да му наштетат на ривалот. Исто така сведоци сме дека за многу иницијативи, предлози, решенијата, одлуките, во институциите се одложуваат со изговор „ќе се реши по изборите„ така што ако се одложат изборите и продолжи да функционира оваа влада ќе биде лошо. Доколку има избори да се надеваме дека поразената страна ќе го прифати резултатот без да навлеземе во рашомонијадата на протести и обвинување за фалсификат. Тоа исто така би било негативно сценарио кое би ја продолжила кризата…