Зошто САД не може да ја уништи ИД?

0
921

На крајот на септември минатата година САД и сојузниците почнаа со силни воздушни напади врз позициите на Исламската држава во Сирија. Еден месец претходно беа извршени воздушни напади врз ИД и во Ирак. Една година по бомбардирањата на ИД, за која ЦИА претпоставуваше дека има околу 31.000 борци, оваа терористичка организација се уште не е уништена. Не само што конфликтот на Блискиот Исток не е решен, информациите говорат дека тој ќе се прошири и во Либан. А воените конфликт во Сирија натера над четири милиони лица да ја напуштат земјата.

ИД не е прв неуспех на Американците

Универзитетскиот професор Жидас Даксаловски вели не е првпат САД да имаат неуспех во војните кои ги водат. Тој потсети на нивниот неуспех со талибанците во Авганистан, но и на војната во Виетнам.

– ИСИС е творба на надворешната политика на САД за да се собори сирискиот претседател Башар ал Асад, но, нешто не им оди од рака. Можно е тие кои ја создадоа ИД да не можат веќе да ја контролираат. Припадниците на ИСИЛ  делуваат на нестандарден начин. ИД не се класична воена организација. А САД имале и други неуспеси, како на пример со талибанците и во Виетнам, вели професорот Даскаловски…