Етничките права во Македонија се по европски терк

0
940

Иако ги уживаат сите права, досега ниту приближно докрај не се испочитувани одредбите од повеќе членови на Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, според кои до тие знамиња треба да стои и државниот симбол на републиката. Тоа е само еден индикатор дека сето ова се случува во услови кога меѓуетничките односи сe користат како алатка со тенденција за понатамошна системска дерогација. Се поставува прашањето на чие конто оди тоа и дали некој е инструментализиран за одвреме-навреме да поттикне меѓуетнички тензии, без никаква реална основа. На пример, зошто поглаварот на Исламската верска заедница имаше потреба токму сега да го негира идентитетот на Македонците-муслимани

Напорите на институциите за конкретна артикулација на некој интерес на одредена интересна група во практиката се покажува дека не ја антиципираат понатамошната заложба на таа група (партија или сл.) да продолжи дури и со абнормални апетити по истите прашања. Дури се и надвор од секакви стандарди и принципи. Типичен пример за тоа се правата на етничките ентитети, односно поконкретно на Албанците во Македонија. Тие постојано се повикуваат на „оневозможени права“ за нивната етничка заедница, иако и формално и суштински нивните права во оваа држава се овозможени далеку над она што значи меѓународно прифатени стандарди по таа основа. Но има уште една нова контрадикторност. Имено, Собранието на Република Македонија е длабоко навлезено во процедура за уставни измени, кои засегаат повеќе прашања, како тоа за бракот, за економијата, за судството итн. Во нив нема ниту едно прашање што директно ги засега меѓуетничките односи, но, и покрај тоа, партијата ДУИ засега целосно ја поддржува процедурата за промена на Уставот. За потсетување, тоа е истата партија што претходно бараше промена на Уставот за претседателот да се избира со консензус во парламентот (т.н. концепт на консензуален претседател), а минатата година ги спречи уставните измени за бракот со аргумент дека би се согласила за отворање на Уставот само ако на дневен ред се и прашањата за правата на Албанците. Овој пат таа не го испочитува тој свој принцип, па се најде на нишан на критики од опозицијата (пред сѐ од ДПА), како и од интелектуалци-Албанци што се декларираат како партиски неутрални. Но како да се толкуваат ваквите „политички еквилибристики“? Нема друг начин, туку дека сето тоа покажува дека во јавниот дискурс сѐ уште кружат идеите за редефинирање на државата во правец на федерализам, со дводомен парламент, со целосно изедначување на статусот на албанскиот јазик со македонскиот, употреба на знамињата итн., иако деловите од народи што живеат во Македонија им се дадени и ги уживаат сите права, и тоа многу повеќе од која било друга држава во светот каде што има етнички малцинства…