Една третина од вработените дел од платата ја примаат во кеш

0
958

18.02.2015

Една третина од вработените во земјава дел од платата ја земаат во плико во кеш, покажува анкетата на Центарот за истражување и креирање на политики.

Според истражувањето поголемиот дел од платата вработените лани го земале преку трансакциска сметка, а остатокот кој се движел од 30 до 100 евра им се исплаќал во готово.

Околу 7 отсто од испитаниците изјавиле дека работат без договор и не им се исплаќаат придонеси.

Истражувањето покажало дека градежништвото, угостителството и услугите што се вршат по домовите се најчестите сектори во земјава каде има скриена економија, избегнување на плаќање даноци и и непријавен труд, од што Македонија губи стотици милиони евра.

Во спореведената анкета 27,3 отсто од испитаниците одговориле дека лани социјалните придонеси им се уплаќале на износот на минималната плата, иако нивната реална плата била повисока, 6,4 отсто изјавиле дека основицата е износот наведен во договорот за работа иако платата им била повисока, а 44,1 отсто се изјасниле дека придонесите им се пресметуваат врз основа на реално добиената плата.

Над 21 отсто од анкетираните работници одговориле дека повеќе би сакале да бидат непријавени, но да земаат повисока плата отколку пријавени со понисика плата.

За сузбивање на сивата економија и за справување со избегнувањето на плаќање даноци, експертите порачуваат дека се потребни длабински анализи за причините, почести инспекциски контроли и поголема координација меѓу институциите.


SIVA EKONOMIJA by 24vesti