„Еден час кодирање“ (Hour of Code)

0
27

ЦИКП, со поддршка од Град Скопје, и во соработка со едукативниот центар на Seavus, по втор пат го спроведува настанот „Еден час кодирање“ (Hour of Code). 56 средношколки и средношколци од 6 училишта во Скопје ќе ја програмираат видео играта Star Wars и ќе се уверат дека кодирањето може да биде лесно и интересно. Настанот ќе се спроведе во образовниот центар на компанијата Seavus (Seavus Education & Development Center-SEDC) на 7-ми декември од 12-14 часот. Со оваа активност се придружуваме на светскиот настан Hour of Code, и ја одбележуваме „Неделата на компјутерски науки“ (4-10 декември) преку порака – вклучување на повеќе девојки во технички и информатички професии.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here