ЕВРОПСКИОТ СУД НА РЕВИЗОРИ: ЛОТОС ПРОЕКТОТ ИМАШЕ ПОЗИВИТВНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ДОБРОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА ЛОКАЛНО НИВО

0
1053

Европскиот суд на ревизори во последниот извештај во кој се анализира влијанието на ИПА проектите од областа на реформа на јавната администрација, транспортот и животната средина врз зајакнувањето на сѐопштите административни капацитети во земјава, го издвојува проектот „ЛОТОС“ како проект преку кој се успеало во размената на најдобрите анти-коруптивни практики, како и во вмрежувањето граѓански организации кои работат на полето на сузбивање на корупцијата преку промоција на доброто владеење на локално ниво. Дополнително, во контекст на „ЛОТОС“, европските ревизори посочуваат и дека покрај позитивните резултати од овој проект, надлежните институции мора да работат на зајакнување на сопствените капацитети и надлежности со цел остварување на одржлив и видлив напредок на ова поле и во следниот период.

Колку за потсетување, проектот „ЛОТОС“ беше спроведен во периодот Декември 2013 – Јуни 2015 од страна на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), а главната цел беше промовирање и поттикнување практики за антикорупција и добро владеење на локално ниво, како и зајакнување на капацитетите на граѓаните и граѓанскиот сектор за мониторинг на антикоруптивните практики на локално ниво. Активностите беа инспирирани од хрватското искуство во зајакнување на граѓанското општество како активен чувар на принципите за транспарентност и одговорност на локалната самоуправа.

Со цел зголемување и зајакнување на административните капацитети преку ИПА програмата, во општите заклучоци кои ги предлага Европскиот суд на ревизори, на Европската комисија ѝ се препорачуа таксативно рангирање на конкретни приоритети за зајакнување на административните капацитети, обезбедување појасна и поопиплива заложба од страна на државните институции во нивното спроведување, но и во периодот по завршувањето на проектите, унапредување на надлежностите преку децентрализирање на улогата на помалите органи и сектори од јавната администрација, како и интензивирање на политичкиот дијалог и заложбите на политичките чинители во справувањето со корупцијата и зајакнување на отчетноста.

 


 

European Court of Auditors: LOTOS project made positive impact on the local good governance

In the latest report of the European Court of Auditors which analyzes the impact of IPA projects in the field of public administration reform, transport and the environment in regards to the strengthening of the general administrative capacity in the country, the “LOTOS” project is highlighted as an positive action in the development of best practices and networking of NGOs working in the field of combating corruption by promoting good governance at the local level. In addition, in the context of “LOTОS” project, European auditors note that despite positive results from this project action, competent institutions must work to strengthen the capacities and competencies in order to achieve sustainable and more visible progress in the following period.

As a reminder, “LOTOS” project was implemented in period December, 2013 – June, 2015 by theCenter for Research and Policy Making (CRPM), whereas the overall objective of the action was to foster anticorruption and good governance practices at local level that will enable sustainable environment for social, economic and environmental development and increasing the capacities for anticorruption monitoring at local level among the citizens and the civil sector. The activities were inspired from the Croatian experience in strengthening civil society to be active watchdog of the transparency and accountability principles of the local government and the notion that active and aware citizens are the basis for transparent and corruption-free government.

In order to increase and strengthen the administrative capacity via the IPA project instruments, the European Court of Auditors proposes the European Commission ranking of specific priorities for strengthening the administrative capacity, clearer and more tangible commitment by state institutions in the implementation period as well as in the period after completion of projects, improvement of competencies through decentralizing the role of lower administrative bodies and sectors of the public administration and strengthening the political dialogue and commitments of political actors in tackling corruption and increasing accountability.