Европа нема решенија за мигрантската криза

0
774

Европската унија е во длабока криза, па така и реагира на прашањето со бегалците. Самитот во Виена за Западен Балкан, под притисок на бегалската криза се претвори во дебата за технички прашања, справување со големиот број бегалци и заедничко управување на границите наместо да се разговара за суштинските политички прашања со кои се соочува регионот, смета професорот Жидас Даскаловски. „Сочувствуваме со трагедијата на дел од бегалците, но не сме сигурни дека нема да преминат со нив и исламисти радикали. Доаѓа и зимата, болести, мора да се најде решение до тогаш“. За него овие самити, лани во Берлин, сега во Виена и догодина во Париз, не се ништо друго освен обид да се надокнади загубеното со блокираниот процес на проширување на Европската унија…