Државен натпревар за есеи (ДНЕ) на тема: “Дваесет години Западен Балкан – предизвици и можности”

0
4961

 

Во рамките на проектот “REACT!”, Алфа Центар, Никшиќ, Црна Гора, како носител на проектот и Центарот за истражување и креирање политики како партнер, објавуваат јавен повик за есеи на тема: “Дваесет години Западен Балкан – предизвици и можности“

Услови за учество:

 

  • Повикот е отворен за кандидати од: Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово;
  • Подобни кандидати се млади лица од 19 до 30 години кои се заинтересирани за теми како што се: владеење на правото, одбрана, безбедност, демократија и регионално помирување;
  • Есеите не треба да бидат подолги од 3 страници, напишани во Times New Roman 12, со проред 1,5) на македонски или англиски јазик.
  • Есеи треба да се доставуваат на e-mail адреса trajkovski@crpm.org.mk најдоцна до 31 јули 2018 година до 16 часот.

Стручна жири комисија ќе избере 5 најдобри есеи.

Авторите на двата најдобри есеја од секоја земја ќе учествуваат во “REACT!” практикантска работа во една од горенаведените земји во регионот во периодот 15-22.08.2018 година (за повеќе информации, контактирајте со Кристијан Трајковски на trajkovski@crpm.org.mk).

Од друга страна пак, авторите на останатите 3 најдобри есеи ќе учествуваат на Летната школа “REACT!” од 03-08.09.2018 (повеќе за училиштето на www.reactmontenegro.me).

 

Конечната одлука за победниците на конкурсот ќе биде објавена на www.crpm.org.mk на 07.08.2018.

Доколку ви се потребни дополнителни информации или помош во врска со ДНЕ, Ве молиме не колебајте се да нè контактирате на 02/3109932.