Дваесет и четврто седмично предавање при ШЈП „Мајка Тереза“

0
962

На вчерашното седмично предавање, долгогодишниот новинар Васко Попетревски ги запозна слушателите со основните принципи по кои работат редакциите во Македонија, како и за влијанието на медиумите врз креирањето на јавното мислење. Дополнително, се разви и дискусија по однос на состојбата со слободата на изразувањето, професионалното известување и почитувањето на етичките стандарди. Присутните се интересираа и за ПР агенциите и нивните техники за „продавање вести“, а неизбежни беа и прашањата и коментарите поврзани со актуелната политичка криза и сценаријата за нејзно разрешување.

  

Twenty-fourth week in a lecture SPP “Mother Theresa”

At yesterday’s weekly lecture, longtime journalist Vasko Popetrevski familiarized the students with the basic working principles of Macedonia newsrooms and the impact of media in the creation of public opinion. In addition, a discussion developed regarding the situation of freedom of expression, professional reporting and compliance with ethical standards. Attendees were interested about the PR agencies and their techniques to “sell a news”. Inevitably, there were also questions and comments on the current political crisis and as well as on the scenarios for her resolving it.