Во принцип за дијалог, но во практика само монолог

0
880

Политичките партии организираат трибини, дебати, средби со граѓани и други јавни настани, кои иако се отворени за целата јавност, вклучувајќи и за претставници на политичките конкуренти, многу често се посетени само од партиските активисти и од истомислениците

КОМУНИКАЦИЈАТА МЕЃУ ПАРТИИТЕ КОГА НЕМА ЛИДЕРСКИ СРЕДБИ

Следната средба меѓу лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Никола Груевски, се чека како да се преговори меѓу Хамас и Израел во Каиро. И за средбата меѓу претставниците на ДУИ и на ДПА впечатокот е идентичен. Не дека тука нивните следбеници посегнуваат со оружје едни против други (се расправаат, за среќа, само со партиски соопштенија), туку генерално таков им е интензитетот на меѓусебната политичка комуникација во секојдневието, па ако не се организираат специјални состаноци, тие нема ни да се видат…