Внатрешните „непријатели“ поопасни од политичкиот конкурент

0
820

Во меѓупартиската борба за освојување повеќе гласови и стекнување на довербата на граѓаните важи непишаното правило дека непријателот на мојот непријател е мој пријател. Во досегашните изборни циклуси на локално и централно ниво, па и при изборот на претседател на државата, оваа максима повеќепати добивала и своја практична потврда. Тоа се манифестирало преку постигнувањето различни предизборни коалиции на партии и лица од различни политички опции, кои, според политичката теорија, никогаш не би требале да бидат на истата страна. Но не секогаш овие „непринципиелни коалиции“ се покажувале како добитна комбинација за добивање на власта, која претставува првенствениот и единствениот мотив за раѓањето на новите „пријателства“…