Анкетен извештај за истражување спроведено 1-15 септември 2007 година во општина Чаир

Анкетен извештај за истражување спроведено 1-15 септември 2007 година во општина Чаир

Граѓаните во општина Чаир во Изборана Единица 1 не се доволно запознаени со ингеренциите на општината во процесот на децентрализација. По резултатите на анкетата 40% од граѓаните не се запознаени 21% се запознаени, додека 39% се делумно запознаени. Од тие што се запознаени со ингеренциите интересно е дека 73% се Албанци а 17% Македонци и 10% други. Ако се земе предвид дека во општина Чаир по последниот попис во 2002 година живеат 56.4% Албанци и 24.2% Македонци анкетата укажува дека кај граѓаните кои се запознаени со ингеренциите на општината има поголем процент на Албанци одколку нивниот процент во бројот на жители што може да укаже дека тие се подобро информирани од другите заедници во општината. Роми кои се запознаени со ингеренциите на општината се под 1% (од граѓаните што рекле дека се запознаени) што е далеку помалку од нивната застапеност во општинското население (5.12%). Кај бројот на делумно запознати процентите се приближни со процентот на заедниците во општината (23% од испитаниците што одговориле дека се делумно запознати со ингеренциите се Македонците а кај Албанците бројката е 60%). Кај бројот на граѓаните што не се запознати процентите се приближни со процентот на заедниците во општината кај Албанците но не и кај Македонците (16% од испитаниците што одговориле дека не се запознати со ингеренциите на општината се Македонците а кај Албанците бројката е 54%). Во рамките на процентите кај двете поголеми заедници доминираат граѓаните што се делумно запознати со ингеренциите на општината а потоа следат граѓаните што не се запознати (кај Албанците 37% се делумно запознати, 34% не се запознати а 28.5% се целосно запознати, кај Македонците соодносот е 45%-32%-22%,) Кај помалите заедници граѓаните што не се запознаени со ингеренциите на општината доминираат (Кај Турците бројката е 57%, кај Ромите 60%, кај Бошњаците 50% и кај другите 60%) што значи кај нив ургентноста на запознавање со ингеренциите на општината е и поголема одколку кај Албанците и Македонците.

Граѓаните во општина Чаир во Изборана Единица 2 исто така не се доволно запознаени со ингеренциите на општината во процесот на децентрализација. По резултатите на анкетата 42% од граѓаните не се запознаени 18% се запознаени, додека 34% се делумно запознаени. Од тие што се запознаени со ингеренциите интересно е дека 61% се Албанци а 23.5% Македонци и 15% други. Повторно анкетата укажува дека кај граѓаните кои се запознаени со ингеренциите на општината има поголем процент на Албанци одколку нивниот процент во бројот на жители што може да укаже дека тие се подобро информирани од другите заедници во општината. Роми кои се запознаени со ингеренциите на општината се под 3% (од граѓаните што рекле дека се запознаени) што е повтпрно помалку од нивната застапеност во општинското население (5.12%). Кај бројот на делумно запознати процентите укажуваат дека име диспропорционално повеќе Македонци во оваа група на испитаници (34% од испитаниците што одговориле дека се делумно запознати со ингеренциите се Македонците а кај Албанците бројката е 49%). Кај бројот на граѓаните што не се запознати процентите се приближни со процентот на заедниците во општината кај Македонците и делумно кај Албанците (24% од испитаниците што одговориле дека не се запознати со ингеренциите на општината се Македонците а кај Албанците бројката е 50%). Во рамките на процентите кај Македонците доминираат граѓаните што се делумно запознати со ингеренциите на општината а потоа следат граѓаните што не се запознати додека кај Албанците малку повеќе граѓани не се запознаени со ингеренциите (кај Албанците 41% не се запознати 37% се делумно запознати, а 22% се целосно запознати, кај Македонците соодносот е 36.5%-48%-15.5%,) Кај помалите заедници граѓаните што не се запознаени со ингеренциите на општината доминираат (Кај Турците бројката е 49%, кај Ромите 53%, кај Бошњаците 59% и кај другите 60%) што значи кај нив ургентноста на запознавање со ингеренциите на општината е и поголема одколку кај Албанците и Македонците.

Од горе наведеното јасно е дека повеќето граѓани без разлика на етничка припадност или изборна единица сметаат дека општината треба да ги информира за нејзините надлежности. Мислењата за различни за начинот на кој тоа би се направило, 18% од граѓаните сметаат дека е добро тоа да се прави преку објавување и дистрибуција на брошури, 28% сметаат дека тоа треба да се направи преку кампања во медиумите, 14% мислат дека е добро да се има дирекна комуникација со граѓаните во општината, и 19% ги подржуваат сите овие форми како начин на информирање на граѓаните за надлежностите на општината. Интересно е дека Македонците и од првата и од втората изборна единица претпочитаат информирање преку сите овие активности (30% од Македонците во прва и 32% од втора изборна единица) додека кај другите етнички заедници процентите се најголеми во полза на кампања преку медиуми (31% од Албанците во прва изборна единица и 36% во втора изборна единица се за оваа опција, кај Турците соодносот е 31 и 47% , кај Ромите 40% и 28%, кај Бошњаците 50% и 35%)

Самите граѓани ги следат активностите на општината, постојано 23%, понекогаш 38%, не ги следат но слушнале 31% и не ги следат 8%. Македонците најмалку ги следат активностите на градоначалникот. Постојано и понекогаш ги следат активностите на градоначалникот помалку од половина Македонци (43% во прва и 41% во втора изборна единица) иако бројката е поголема кај Албанците (70% и 68%) Турци (64’ и 64%) Роми (53% и 56%) Бошњаци (53% и 62%)

Граѓаните во огромен број се задоволни од досегашната работа на градоначалникот на Општина Чаир Г-дин Меџити и тоа потполно задоволни 47.5%, делумно задоволни 26.5%. Не се задоволни 15% делумно не се задоволни 7% а не можеле да оценат 4%. По етнички групи и по изборни единици постојат разлики на подршката за работата на градоначалникот. Македонците не се многу задоволни со работата на градоначалникот (во првата изборна единица потполно задоволни 17%, делумно задоволни 17%. Не се задоволни 46% делумно не задоволни се 8% а не можеле да оценат 12%, а во втората потполно задоволни 15%, делумно задоволни 20.5%. Не се задоволни 45.5% делумно не задоволни се 10% а не можеле да оценат 10%,) Соодносот на задоволни-незадоволни( потполно и делумно) Македонци со работата на градоначалникот е 34-54% во првата односно 35.5-55% во втората. Бројките се слични за двете изборни единици. Македонците всушност доминираат во незадоволните граѓани (67.6% од нив во првата единица се Македонци а 75.5% во втората). Албанците домираат меѓу задоволните граѓани 76.4% во првата и 69.6% во втората изборна единица од бројот на задоволни со работата на градоначалникот. Албанците се задоволни со работата на градоначалникот и тоа посебно во првата изборна единица. Соодносот на задоволни-незадоволни( потполно и делумно) Албанци со работата на градоначалникот е 89-10% во првата односно 77.5-12% во втората. Бројките се слични за двете изборни единици. Кај Албанците во првата единица потполно задоволни 64%, делумно задоволни 25%. Не се задоволни 4% делумно не задоволни се 6% а не можеле да оценат 1%, а во втората потполно задоволни 61%, делумно задоволни 26.5%. Не се задоволни 6% делумно не задоволни се 6% а не можеле да оценат 1%) Многу високи проценти на задоволство ( потполно и делумно) со работата на градоначалникот покажале и Турците (88% во прва и 93% во втора изборна единица ) Ромите (77% и 81%), Бошњаците ( 94% и 70%).

Следствено на резултатите од степенот на задолство со работата на градоначалникот се и процентите на подршка на истиот доколку има избори во општината. Така подршка на сегашниот градоначалник би му дале 67.4% наспроти 21% кои не би гласале за него односно 11% кои не знаат или нема да гласаат. Од тие што порано гласале за гдин Меџити 7.5% нема повторно да гласаат. Тие што не гласале за него и повторно нема да гласаат се 14%. Нема да гласаат 5%., не се определени 6%. Градоначалникот подршката ја има кај Албанците, 83.5% од нив во првата изборна единица би гласале за него (од кои 60% дури рекле „сигурно„ ќе гласам за него) Не гласале за него и не повторно би гласале за него се 5% а тие што гласале за него а сега не би гласале се 7%. Подршката во втората изборна единица е слична 84.7% од Албанците. Не гласале за него и не повторно би гласале за него се 5% а тие што гласале за него а сега не би гласале се 7%. Интересно е што 18% од Македонците во првата односно 19% во втората изборна единица изјавиле дека ќе гласаат за градоначалникот. Процентите кај другите заедници се поголеми, Турци (76% и 81%) Роми (83% и 72%), Бошњаци (87% и 76% ). Битно е да се каже дека многу Македонци изјавиле дека нема да гласаат (20% и 14%) односно не знаат дали би гласале за градоначалникот (14% и 23%).

Граѓаните сметаат дека градоначалникот најмногу внимание посветува на прашањата од урбанизам 34%, хигиена 32%, средување на улици 25%. Најголемата заедница во општината, Албанците смета дека градоначалникот најмногу внимание посветува на прашањата од урбанизам (во прва изборна единица 39% а во втора 36%), хигиена (34% и 34%) и средување на улици (23% и 23%). Македонците пак имаат чувство дека градоначалникот најмногу внимание посветува на средување на улици. Тие смеедаат дека градоначалникот посветува внимание на прашањата од урбанизам (во прва изборна единица 27% а во втора 30%), хигиена (19% и 22%) и средување на улици (33% и 30%). На граѓаните на општината најмногу им пречи хигиената 38% па состојбата на патиштата 33%. Многумина (23%) сметаат дека Чаир е општина несигурна за живеење за децата. Следствено на ова граѓаните смеетаат дека градоначалникот треба да посвети внимание на прашањето на хигиена (43%) па потоа средување на улици 27% и урбанизам генерално 25%. За ова прашање се сложуваат и двете најголеми заедници во општината Македонците и Албанците. Така повеќе од половина односно 52% од Македонците сметаат дека хигиената е најбитно прашање во првата изборна единица и 46% во втората а кај Албанците тој сооднос е 45% и 47%.

Битно е да се каже дека Македонците го сметаат Чаир за несигурно место за живеење 44% во првата изборна единица сметаат дека тоа е главен проблем, пред хигиената или состојбата на патиштата, процентот во втората изборна единица е незначително помал 36.5% од Македонците. Кај Албанците овој процент е 17 во двете изборни единици. Ним најбитни проблеми им се состојбата на патиштата и хигиената (41% и 35% во прва односно 37% и 38% во втора изборна единица). Разликите во перцепцијата на безбедноста во општината помеѓу Албанците и Македонците се индикативни. На прашањето дали Чаир е безбедно место на живеење граѓаните на општината одговориле со „да, најбезбедно е од сите општини со„ 36.6%, да ама има лоши делови 28%, делумно е безбедно 25.5% и воопшто не е безбедно 9%. Македонците сметаат дека не е толку безбедно во Чаир- тие во најголем процент се изјасниле дека делумно е безбедно (54% во прва односно 51% во втора изборна единица) односно сметаат дека воопшто не е безбедно (23% и 21%). Албанците во мнозинство пак сметаат дека Чаир е најбезбедна општина (52% од нив во прва изборна единица и 46% во втора изборна единица)

На наредните избори граѓаните на Чаир најмногу би гласале за ДУИ 32.8%, па за ДПА 8.6%, ВМРО-ДПМНЕ 8%, СДСМ 4.6% и ПДП 4.4%. За друга партија би гласале 10.5% а за ниту една (апстиненти) 31%. Албанците би гласале за ДУИ (53% во прва и 48% во втора изборна единица) повеќе од ДПА (12% и 17%) односно ПДП (8% и 8%). Интересно е што 6 проценти од гласачите на ДУИ во прва изборна единица би биле Турци, односто 5% Роми. Во втората единица процентите се 9% и 6%. Кај ДПА 5% од гласачите во прва изборна единица и 4% од втора единица се Турци а Ромите не би гласале за ДПА. Гласовите на ПДП се само од Албанците. Македонците би ја подржале ВМРО-ДПМНЕ (25% во прва и 34% во втора изборна единица) повеќе од СДСМ (11% и 13.5%) иако голем број на Македонци би гласал за друга партија (19% и 10%). Најголем број од Македонците во Чаир се изјасниле дека не би гласале (45% и 43%) Освен кај Албанците (21% и 18.5%) бројот на апститенти кај другите заедници е голем Турци (55% и 35%), Роми (37% и 35%), Бошњаци (57% и 53%).

Истражувањето е направено врз репрезентативен примерок .

Home | Events | Products | Newsletters | CRPM in the Media | Research Areas | Projects | Press Room | About Us